Владата предложи да се укинат музичките субвенции
Домашните музичари повеќе да не добиваат субвенции од државата за создавање на песни и спотови, предлага Владата. На вчерашната седница донесоа заклучок да се достави до Собранието Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.
„За донесувањето на овој предлог-закон владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не ги даде очекуваните ефекти, при што се постави прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање со буџетски средства во вкупен износ од 317 680 000 денари, односно околу 5 милиони евра“, соопштија од Владата.