Се подготвува мјузикл во Театарот за деца и младинци


Театарот за деца и младинци од Скопје ја најави својата нова сезона, а оттаму информираат дека почнуваат со работа на првиот македонски музички спектакл за деца.

Мјузиклот ќе биде насловен како „Земја во која не се стигнува“, според текст на Оливера Николовска и музика за деца на Александар Џамбазов, во режија на Виолета Џолева.
Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е проф. Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот е проф. Маја Стефановиќ, а Дамир Имери како музички аранжер.
Во мјузиклот ќе учествуваат деца актери на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои знаат да пеат и имаат актерски талент.
За таа цел ќе се одржи аудиција на 21, 22 и 23 септември во просториите на Детски културен центар „Карпош“ на улица „Илинденска“ бр. 53.