Се омажи најголемата боливудска ѕвезда: Свадба на Депика Падуконе на езерото Комо
Индија- Најголемата и најплатена филмска ѕвезда во Индија Депика Падуконе (32) се омажи за актерот Ранвер Синг, во вила од 18. век „Балбианело“ на езерото Комо, во Италија.
Свадбата била според индиските обичаи, само за потесното семејство. Во сабота, двојката ќе организира прием за останатите гости од Боливуд, во Мумбај, Индија.
Падуконе е родена во Данска, а со сопругот ќе живее во Бенгалор.