Се гради пазарот во Свети Николе


Во Свети Николе деновиве со подобрувањето на временските услови се интезивира изградбата на новиот модерен Градски пазар. Градоначалникот Сашко Велковски за МИА вели дека овој капитален проект ќе биде готов во март, наместо во февруари, поради временските прилики кои не дозволија градба на објектот.

Пазарот ќе биде на покриени 640 метри квадратни и на уште 1.900 метри квадратни отворен дел.

о него ќе бидат сместени околу сто гондоли за продавање, со што и продавачите и купувачите ќе бидат заштитени, ќе биде олеснет пристапот до тезгите. Во рамки на проектот предвидена е изградба на водовод и канализација, а ќе бидат изградени и нови санитарни јазли, објаснува Велковски.

Општина Свети Николе средствата од околу 260.000 евра ги обезбеди како грант од ИПА програмата за рурална инфраструктура на Европската унија, а дел се и од буџетот на општината.

Моментно продажбата на земјоделските производи се одвива на паркинг просторот кај Стопанска банка.