Сестрите Вилијамс ќе се соочат во третото коло на Индијан Велс
Серена Вилијамс ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс со 2:0 (7:5, 7:6) и се пласираше во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс.
Американката, која на овој турнирот се враќа по едногодишна пауза од тенисот, првиот сет го доби со тај-брејк, откако двете тенисерки претходно направија по два брејка. Во вториот сет Серена ја искористи третата брејк топка и поведе со 6:5, а потоа и втора меч топка и го доби сетот.
Во третото коло Серена ќе игра против постарата сестра Венус, која е осма носителка во Индијан Велс. Венус во второто коло ја победи Романката Сорана Крстеа со 2:0.
Овој дуел меѓу сестрите Вилијамс ќе биде нивни 29-ти во кариерата.