Серена Вилијамс со ќерката на насловната на „Вог“


САД- Славната тенисерка Серена Вилијамс позираше за февруарското издание на „Вог“ . Фотографиите ги потпиша славниот фотограф Марио Тестино и вклучуваат портрети како на тенисеркатa со ќерка и, така и на целото семејство-мајка, сестра и, а се разбира и со нејзиниот сопруг.

Во интервјуто за престижниот моден магазин Серена зборува за мајчинството, но и за нејзините спортски планови. Како мајка, открива дека постојано се грижи дека нема да биде доволно добра за да се справи со улогата. Посакува да ѝ го предаде силниот карактер на нејзината ќерка и таа да се бори. Слично како Серена.

„Мило ми е што имам ќерка. Сакам да ја научам дека не постои граница“, вели таа.

„Ако треба да сум чесна, има нешто многу привлечно во идејата да се преселам во Сан Франциско и едноставно да бидам мајка“, изјавува таа.