Семејство на почината во некролог ги обвини лекарите за нејзината смрт
Семејството на една почината жена од српскиот град Врање на некролозите излепени денеска низ градските улици, како причина за смрта на нивната блиска ги невеле „ненавремената интервенција и несовесното работење на дежурната екипа во Брзата помош“.
Семејството обвинува дека екипата на Брзата помош одбила да дојде на нивниот повик, најавувајќи дека детали за целиот случај ќе изнесе по погребот.
Поради целиот случај, кој денеска е една од главните теми во Врање, градскиот Здравствен центар соопшти дека веќе е формирана Комисија за вонреден стручен надзор и дека е известен Здравствениот инспекторат.
Директорот на врањскиот Задравстевен центар, Драган Величковиќ само кусо изјави дека „не сака да го коментира случајот, затоа што станува збор за чувствителна тема“.