СДСМ: Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица, пред нас е година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата.

2019 е година во која ќе биде остварено уште едно клучно ветување од Програмата за работа на Владата.

Започнати се подготовките кон средината на годината да биде воведена мерката за поврат на 15 отсто Данок на додадена вредност за физички лица.

Оваа мерка на крајот на секоја година ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на обезбедување повеќе пари назад кај граѓаните, назад во економијата.