Свадба на годината во Шпанија: Се омажи Марта Ортега, ќерката на газдата на „Зара“
Шпанија– Марта Ортега (34), сениор консултант во „Зара“ се омажи за дизајнерот Карлос Торето (35) на интимни церемонија, а потоа и на коктел забава, во Ла Коруња, во Галиција, во присуство на европскиот џет-сет. Марта е ќерка на Амансио Ортега, сопственик на компанијата „Индитекс“, кој е меѓу десетте најбогати бизнисмени на светот. Во негово сопствеништво, овен „Зара“, се и „Масимо Дути“, „Бершка“, „Пол и Беар“, „Страдивариус“, „Ојшо“ и „Утеркуе“.
Невестата, на која ова и е втор брак и има син, имала необична венчаница на „Валентино“, замислена како комплет од блуза и панталони, за што доби многу пофалби.