Сашо Тасевски стана од интервју кај Васко Ефтов (Видео)

Директорот на Драмски театар, актерот Сашо Тасевски, стана среде интервју кај Васко Ефтов и замина. Моментот можете да го видите во видеото после 6:20 минути.

Тасевски го напушти интервјуто откако Ефтов го обвини за двојни стандарди кои Тасевски наводно ги имал во свои ФБ статуси во врска со изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на собранието.

-Тоа е колку сте бил инспираран од Талат Џафери. Сега не сте инспириран. Некој ви имаше ветено функција. Затоа молчевте. Тука е проблемот. Тоа се двојните принципи и стандарди – рече Ефтов, по што Тасевски го извади микрофонот и стана од масата.

Тасевски рече дека не гледа зошто би останал.

Емисијата „Во центар“ се емитуваше синоќа.

Погледнете: