Сари и се извини на новинарката за сексистичкиот коментар


Тренерот на Наполи, Маурицио Сари упати извинување до новинарка за сексистичкиот одговор за време на прес-конференцијата по натпреварот со Интер (0:0).

Сари остана незадоволен од прашањето дали ремито го оддалечува Наполи од Скудетото и одговори:

– Вие сте жена, убава сте и поради овие две причини нема да кажам оди еб_се.

Агентот на Сари, Алесандро Пелегрини, објасни дека Сари се пошегувал и не може да станува збор за дискриминација.

– Прочитав дека некои ја толкуваат оваа фраза како сексистички што не е така. Се гледа дека Маурицио само се шегува, рече Пелегрини за италијанските медиуми.