„Сардич“: Минирањето во Казандол беше пријавено кај институциите
Денешното минирање во Рударскиот комплекс Казандол се спроведе согласно технологијата предвидена во одобрената Студија за оцена на влијанието врз животната средина врз основа на која Министерството за економија на Концесионерот му ја издаде дозволата за експлоатација, информира Концесионерот САРДИЧ МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Велат дека ископот со минирање е предвиден во одобрениот Рударски проект и претставува законско право на Концесионерот согласно позитивните законски прописи.
– Се работи за вршење ископ со минирање со употреба на стопански безшумен експлозив (кое трае неколку секунди) на локацијата на површинскиот коп предвиден за експлоатација на минерална суровина кој се наоѓа во рамките на рударскиот комплекс Казандол, коешто е во согласност со Рударскиот проект, а со цел за поставување на дренажен слој од дробена минерална суровина врз горниот слој на хидроизолацијата чија што монтажа е извршена на Рударскиот објект-етажи на руда за лужење (Одлагалиште за руда), велат од САРДИЧ .
За денешното минирање од 14 до 16 часот завчера доставиле писмени известувања до МВР Валандово, Регионалниот центар за управување со кризи, до подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување и до месната заедница Казандол.