Самсунг го претстави новиот стилски Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e)

Компанијата Самсунг (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го најави Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e) – потенок, полесен и внимателно дизајниран таблет со паметни карактеристики кои ќе ви помогнат да останете поврзани. Најновиот Самсунг таблет има голем екран со дијагонала од 10,5 инчи и огромен капацитет на батеријата. Галакси Таб Ес5е е прецизно изработен за да креира богати и извонредни забавни искуства, овозможувајќи им на корисниците уживање во  возбудливи содржини без компромис.
„Галакси Таб Ес5е е врвен таблет со елегантен дизајн и моќни функции, достапен со нова цена. Наменет е за корисниците кои сакаат интелигенција која ги поврзува и им овозможува да направат повеќе, како и голем, прекрасен екран за богато, премиум забавно искуство. Таблетот Ес5е ги исполнува потребите на корисниците и креира неверојатно искуство.“ – изјави Ди Џеј Кох (DJ Koh), претседател и извршен директор во секторот за ИТ и Мобилна комуникација во компанијата Самсунг.
Подобрен дизајн
Со својот неверојатен, освежен дизајн, таблетот Ес5е е приказ на практичноста и стилот. Со неверојатно тенко, метално куќиште од 5,5 мм и со тежина од 400g, таблетот Ес5е е лесен за пренос, издржлив и дизајниран да се вклопи беспрекорно во секојдневниот животен стил. Достапен е во голем број модерни монохроматски бои – сребрена, црна и златна, а корисниците можат да одберат изглед најдобро ќе се вклопи во нивниот личен стил.
Одликувајќи се со продолжен век на траење на батеријата до 14,5 часа , таблетот Ес5е е оптимизиран за долготрајни перформанси, давајќи им слобода на корисниците  да пребаруваат, емитуваат содржини и да го користат подолго време.
Вградена интелигенција
Таблетот Ес5е овозможува целосна контрола врз поврзаниот свет на корисникот. Како прв Самсунг таблет кој ја содржи новиот Бигзби 2.0  (Bixby 2.0), Ес5е овозможува попаметен и поудобен начин на  комуницирање со вашиот уред и служи како идеален центар  за контрола на поврзаните домашни уреди. Со негова помош во исто време може да се вклучат телевизорот и светлата преку функцијата “Quick Command“. Оваа функција овозможува прилагодување на неколку дејства преку една гласовна команда – правејќи ја гласовната контрола за домашната средина, побрза, поедноставна и прилагодена за вас.
За полесно завршување на работните задачи, новиот таблет заедно со тастатурата (која се продава одделно) и “Samsung DeX“ овозможуваат чувство како при користење компјутер. Со функцијата континуитет на повик и порака , корисниците можат да одговорат  на повик или на порака директно од таблетот – дури и кога нивниот телефон е далеку од дофат или е приклучен на друга Wi-Fi мрежа.
Подобра забава
Без разлика дали се работи за најдобриот филм или омилената ТВ серија, корисниците можат да ја искусат содржината целосно, со исклучителни детали на извонредниот Самсунг Супер АМОЛЕД дисплеј, со сооднос на екранот од 16:10 и без видливо копче за отклучување. Таблетот Ес5е има “Edge to Edge“ дисплеј-екран кој се протега од едниот до другиот раб, со дијагонала од 10,5 инчи и рамки во сооднос од 81,8% помеѓу екранот и куќиштето на уредот. Со овие карактеристики, таблетот Самсунг Галакси Ес5е овозможува извонредно доживување при гледање на содржините. Корисниците на таблетот Ес5е ќе имаат можност до 4 месеци бесплатно да ја користат “YouTube Premium“ услугата со која ќе можат да уживаат во сите нивни омилени содржини на “YouTube“, “YouTube Music“ и “YouTube Gaming“  без ограничувања и со висок квалитет.
Таблетот Ес5е емитува богат, неверојатен звук благодарение “Quad“ звучниците, кои со автоматско ротирање на стерео технологијата за моќен и посилен звук се прилагодуваат врз основа на држењето на таблетот (хоризонтална/вертикална положба). Новиот таблетот, исто така, се одликува со “Dolby Atmos“ интеграција и звук од “AKG“ за извонреден 3D и професионален и избалансиран звук. Со вклучен “Spotify“и бесплатна премиум претплата до 3 месеци за нови членови , таблетот Ес5е овозможува емитување на омилените музички нумери на корисникот непрекинато и насекаде.
Достапност
Таблетот Ес5е ќе биде достапен од вториот квартал на 2019 година на одредени пазари меѓу кои САД, Германија и други земји.