Руска амбасада: Протерувањето дипломати е непријателски чин

Руската Амбасада во Лондон смета дека е непријателски акт протерувањето руски дипломати што Британија го презема по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Солсбери во минатата недела.

– Ова го сметаме како непријателски акт што е целосно неприфатлив, неоправдан и кратковид, се вели во соопштение од руската Амбасада.

Во соопштението се додава дека за влошените односи меѓу Русија и Велика Британија во овој момент апсолутно се одговорни актуелните британски политички лидери.