Русија протерува еден црногорски дипломат


Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва протерува еден црногорски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Подгорица за „случајот Скрипал“.

Црна Гора на 28 март објави дека се придружува на поддршката за Обединетото Кралство и еден руски дипломат го прогласи за „персона нон грата“. Владата во Подгорица тогаш објави дека ја повлекува согласноста за дејствувањето на почесниот конзул на Руската Федерација.

Црна Гора тогаш соопшти дека одлуката ја донела во координација со сојузниците, во согласност со преземените мерки од земјите-членки на Европска унија и на НАТО.