Роденден

Лејла Сабит

 Ви значи, не ви значи, некогаш само бројка, а некогаш поглед назад што било, и поглед напред што ќе биде.

Го славите, не го славите, ви го честитаат, ви го забораваат, веќе видено или тотално изненадувачки.

Некогаш со многу врева, некогаш во тишина, некогаш со многу луѓе, а некогаш се доволни само двајца.

Подарокот може да биде скап, евтин, колку да се рече, само една ружа, поглед или пијалак.

Вниманието ви годи, невниманието ве боли, една година ќе бидете помудри, порадосни или потажни.

Роденденот од година во година ве открива какви сте станале, до каде сте стигнале, што сте направиле, а што сте потфрлиле.

Дали изгледате помладо, постаро, дали времето застанало за вас, дали сте го смениле стилот на размислување, облекување, кои се старите пријатели до вас, а кои се новите допрва.

Кога ќе прославите половина век живот, ја сфаќате изреката „Младост-лудост, старост-мудрост“. А, можеби и порано.

Ех, да бевме мудри кога бевме млади, а луди во фазата: добро изгледате за ваши години!

Среќен роденден на сите Овни!