Рејчел Вајс и Даниел Крег го очекуваат првото дете


САД- Оскаровката Рејчел Вајс, објави дека со својот сопруг, актерот Даниел Крег најпознат по улогата на Џејмс Бонд, го очекуваат првото заедничко бебе.

Четирисет и осумгодишната актерка има 11-годишен син, а ѕвездата на „Џејмс Бонд“, Крег (50), има 25-годишна ќерка.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, ѕвездата на „Мумија“ изјави дека наскоро ќе се појави во јавноста и дека не го знаат полот на бебето. Тие се венчаа во Њујорк во 2011 година.