Ременски: Почнати се подготовките за попис на населението

Според мои информации во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21.

-Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – порача таа на дебатата на која се разговараше за Законот за употреба на јазиците.

Последниот попис во Македонија беше спроведен во 2002 година.