Ревија на домашни дизајнери во Скопје: „Made in Macedonia: „Почетоци и еволуција“
Вечерва, во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи втората по ред ревија со домашни дизајнери „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“, во организација на „Добредојде Македонија“, поддржана од амбасадата на Франција во Македонија. Ревијата ќе ја отвори Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. Лани, ревијата, насловена „Современ дизајн накитен со минатото“ и поддржан од амбасадата на САД, наиде на одличен прием во јавноста.
Целта на модниот настан е потенцирањето на македонскиот карактер во безвременските дизајни на македонски етаблирани дизајнери.
Со свои креации ќе се претстават дизајнерите Антонија Ристовска, Ивана Кнез, Јана Манева-Чупоска, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, Олгица Георгиева, Росица Мршиќ, Силвија Михајловска-Алшар, Тања Кокев и Розе Трајчевска.