Реал не се откажува од „новиот Роналдо“


Светскиот и европски клупски шампион, Реал Мадрид подготвува понуда за „новиот Кристијано Роналдо“ – 19-годишниот талент Жота од Бенфика, соопштува „АС“.

Жота стана топ-стрелец и придонесе за европската титула на Португалија за играчи до 19 години минатата година.

„Орлите“ од Лисабон веќе отфрлиле предлог од 18 милиони евра за талентот, во чиј договор до летото 2022 година има клаузула за одрекување вредна 26 милиони евра. Сепак, Бенфика сака да го продолжи договорот и да ја подигне клаузулата на 120 милиони евра.

„Кралскиот“ клуб планира да предложи двајца свои играчи на Бенфика на изнајмување, за да го комплетира договорот во текот на летото и да го привлече Португалецот.