Ракометарите на Еурофарм Работник поразени од Татабања
Тимот на Еурофарм Работник го доживеа вториот пораз во ЕХФ купот. Ракометарите на битолскиот клуб изгубија од унгарскиот тим Татабања со 31:21, на полувреме 14:11.
Во текот на целиот натпревар гостите доминираа на теренот, рамномерно ја распоредија енергијата и скоро сите играчи постигнаа по 4-5 голови. Најефикасен гостински играч беше Денис Григораш со шест погодоци. Најдобар во домашниот тим беше украинскиот интернационалец Владислав Остроушко со девет голови.
Ова е втор пораз во вториот меч во групата. Во следното коло во сабота битолчани гостуваат во Хрватска кај Нексе од Нашице.