(ВИДЕО) Протест пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска

Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска во Прилеп вечерва се собра група граѓани која протестира, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес.

Собраните граѓаните извикуваат „Кети предавник“, како и „Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам ја“.

Во Виница вчера беше опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците.