Промоција на пет книги на Коста Стоименовски на ФОН


Во вторник на Универзитетот ФОН ќе бидат промовирани петте книги на поранешниот македонски дипломат Коста Стоименовски, во кои се презентирани критички опсервации на политиките на сите власти во Македонија по нејзиното осамостојување.

Во книгите „Криво насадена демократија“ и „Заробена наместо препородена“ се содржани критички опсервации на владеењето на двете најголеми политички партии, а во книгата „Криво насадена дипломатија“ се опсервирани гафовите и грешките на македонската дипломатија. Во книгата „Варшавски години“ се содржани интересни пикантерии од двете дипломатски мисии на Стоименовски во Варшава.