Продолжи судењето за „Траекторија“
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Обвинетите присуствуваат на денешното рочиште што го води судијата Горан Бошевски.
Судењето за „Траекторија“ на 31 јануари почна од почеток бидејќи беше променет судечкиот совет.
Адвокатите на пбвинеите на претходнот рочиште побараа од СЈО да им ги достават снимените разговори на рака, за како што рекоа, да ги анализираат во изворна форма. Тие не прифаќаат „бомбите“ со прислушуваните разговори да ги преслушуваат во СЈО.
Станува збор за 315 аудио-снимки, кои се дел од доказниот материјал.
Адвокатите ги оспорија и вештачењата за направената штета со изградбата на автопатиштата во износ од 155 милиони евра.
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, пак, забележа дека дека одбраната истите овие приговори ги поднела кога се ценел обвинителниот акт и оти сега е фаза на судење и нема потреба од повторување. Поосчи дека одбраната имала и се уште има можност да ги слушне снимките пред тие да бидат дадени како доказ.
Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.