Проблеми за Ливерпул – Матип ја заврши сезоната
Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип, ќе го пропушти останатиот дел од сезоната поради повреда на бутниот мускул.
Камерунскиот фудбалер се повреди викендов на натпреварот против Кристал палас, но и покрај незгодата успеа да остане на теренот до крајот на мечот.
Меѓутоа, по деталните прегледи беше утврдено дека е потребно да му се изврши операција, по која ќе следи повеќемесечно отсуство.
Тоа е голем проблем за тренерот Јирген Клоп, бидејќи Ливерпул утре го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите (ЛШ) против Манчестер сити, а во останатиот дел од сезоната во Премиер лигата го очекува борба за пласман во ЛШ.
По 32 кола клубот од „Енфид“ се наоѓа на третото место од табелата со 66 бодови.
Матип најверојатно ќе го замени Хрватот Дејан Ловрен.