(Фото) Принц Џорџ: Има пет години, а веќе е модна икона


Англија– Најстариот син на принц Вилијам и Кејт Мидлтон принц Џорџ има пет години, а веќе е модна икона. Магазинот „Татлер“ го вклучи на својата листа на најдобро облечени личности во 2018 година.

-Има стил. Има свој печат на стилот. Дали е дотеран за прием или за на школо, или за попладневна прошетка со родителите, со кошулче, кратки панталони, или во блејзер, принцот Џорџ изгледа како модна икона. Затоа го ставивме на нашата листа, велат од „Татлер“.

– Принцот Џорџ изгледа многу британски во кратки панталони. Тоа покажува дека е претставник и на средната класа и на класата во предградијата, а од друга страна изгледа така аристократски и кралски-истакнува експертот по етикетација Вилијам Хенсон за британскиот „Харперс базар“.