Пресврт во Европскиот суд: Британија може да се премисли за Брегзит


Обединетото Кралство има право еднострано да го суспендира процесот на напуштање на Европската Унија без да го промени својот сегашен статус во тој блок, одлучени Европскиот суд на правдата.

Оваа одлука беше донесена на еден ден пред гласањето за предлогот за Брегзит на премиерката Тереза Мај во британскиот Парламент.

Мислењето на ова правно тело е дека Велика Британија може да го поврати механизмот според член 50 од Лисабонскиот договор, кој дефинира како земјите ќе ја напуштат ЕУ, доколку договорот за излез од Унијата сѐ уште не стапил во сила.

Мислењето на Судот беше побарано од страна на повеќепартиска група британски политичари кои сметаат дека е можно или да се суспендира Брегжит со нов референдум или да се најде алтернативен начин да се спроведе.