Препораки од „Трип адвајзор“: Топ-10 дестинации за годинава

На самиот почеток на годината „Трип адвајзор“ веќе ја состави листата за дестинациите кои ги препорачуваат за 2018 година.

Останатите градови што ги препорачува овој специјализиран сајт се:

1. Ишигаки, Јапонија
Можеби никогаш не сте слушнале за овој остров, но ќе бидете маѓепсани од чисто сината боја на водата и неверојатно белата песок на плажите.

2. Капа, Хаваи
Овој мал град може да ви понуди прекрасна природа, но и многу хотели, ресторани, шопинг и секако плажи.

3. Најроби, Кенија
Доколку сте љубители на жирафи, сигурно веќе сте слушнале за хотелот што го посетуваат жирафите со протнување на главите преку прозорците. Овој град е познат како сафари-центар во Африка и нуди добар ноќен живот, но и зближување со дивиот свет.

4. Халифакс, Канада
Овој град нуди добар избор на музеи, па доколку не сте љубител на топли дестинации и плажи, ова е вистински избор за вас.

5. Гдањск, Полска
Град полн со историја. Стариот дел од градот е вистинско уживање за туристите.

6. Сан Хозе, Костарика
Кафето е негов заштитен знак односно национален пијалак. Вистински рај за расонување и полнење на енергијата.

7. Рига, Латвија
Овој град е поделен на два дела, стар и нов град. Во првиот може да се посетат опуштени кафулиња, барови, додека пак во новиот дел може да се почувствуваат динамичниот живот и модерната архитектура.

8. Нерја, Шпанија
Љубителите на топол одмор во природа нема да погрешат доколку го изберат овој град. Единствена слатка мака е да се одбере која плажа е совршена за вас.

9. Ровињ, Хрватска
Во потесниот избор меѓу првите десет се наоѓа и Ровињ, Хрватска. Опишан е како град со многу убави шарени згради и симпатични улички. Секој што ќе посака мирен одмор во рибарското гратче, треба да го посети.