Прво патување на најголемиот крузер на светот

САД- Најголемиот крузер на светот „Симфонија на морињата“ вчера  исплови од француското пристаниште Сен Назер на неговото прво патување, упатувајќи се кон шпанскиот град Малага.

Превидено е во текот на летово „Симфонија на морињата“ да плови на тури низ Средоземното море, а на есен да се упати кон градот Мајами во американската сојузна држава Флорида, каде ќе биде неговата база.

Крузерот претставува вистински мал град со вкупна површина од над 66.000 метри квадратни. Покрај кабини за патниците, крузерот располага со повеќе ресторани и места за забава, а има и сопствен парк со околу 12.000 различни видови растенија.