Првообвинетиот во „Триста“ се појави на суд за да докаже дека е болен


Првообвинетиот во предметот „Триста“ на СЈО, Ѓоко Поповски, денеска конечно се појави на закажаното рочиште за да го увери судот и јавноста дека се наоѓа во тешка здравствена состојба. Тој дојде во кривичниот суд во Скопје со бастун во раце и со човек кој му помагаше да се движи. На судот му приложи потврда од извршени лекарски прегледи кои треба да докажат дека прима лекови против болки, но, како што рече, и терапија против депресија. Обвинителката Фатиме Фетаи, побара Поповски да биде прегледан од независен психијатар кој ќе утврди дали може да присуствува на расправите. Поповски се сомничи за злоупотреба на службената положба за набавка на 300 полициски возила, со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.