По мозочниот удар, Фергусон пуштен на домашно лекување


Англија– Легендарниот поранешен тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, излезе од болница и лекувањето ќе го продолжи во домашни услови.

Фергусон на петти мај претрпе силен мозочен удар и мораше итно да биде опериран. Тој по три дена излезе од кома и беше во состојба да контактира со семејството и пријателите.

На деветти мај 76-годишниот фудбалски стручњак ја напушти интензивната нега, но беше задржан на болничко лекување речиси еден месец.

Како што наведуваат англиските медиуми поранешниот тренер на Јунајтед следната сезона најавил дека планира да ги гледа натпреварите на „Олд Трафорд“.