По една година Мета го потпиша указот прв разузнавач да биде Хелидон Бендо
Албанскиот претседател Илир Мета, конечно го потпиша указот со кој Хелидон Бендо стана директор на албанската тајна служба – ШИШ.
Својот параф на указот, Мета го стави по една година откако во неговиот кабинет во октомври лани, пристигна предлогот на премиерот Еди Рама прв разузнавач да биде Бендо, на местото на Вишо Ајази Лика кој беше назначен за претставник на Албанија во седиштето на НАТО во Брисел.
Во овој едногодишен период,со одлука на Владата Бендо беше наименуван за заменик директор,но ги вршеше директорските надлежности.
Четириесетиседум годишниот Хелидон Бендо е роден во Корча,оженет е и има две деца. Дипломирал математика на Природно математичкиот факултет во Тирана во 1993 година, поседува мастер за безбедносни студии,како и повеќе повеќемесечни обуки за безбедносни прашања, дел од нив во САД. Во ШИШ е од од 1987 година,каде обавувал и раководни функции. Зборува англиски и грчки јазик, љубител е на убаво напишаниот збор и е страстен риболовец.
Потпишувањето на указот од страна на Мета, доаѓа во клучен момент на заладени односи со премиерот Рама,откако не се согласи со предлогот на Рама прв полицаец да биде Сандер Леши и критиките на Рама дека Мета нема уставна надлежност да не потпишува указ за даден предлог на премиерот за министри.