Почна изборниот молк пред делумните локални избори во Србија


Во Србија ноќеска на полноќ поќна изборниот молк пред изборите за органите на локланата власт во Белград, Аранѓеловац, Бор и Севојно.

Откако повеќе години ја имаат апсолутната власт во Србија на сите нивоа, коалициите на партии предводени од Српската напредна партија (СНС) на шегот на државата Александар Вучиќ (СНС) и од Социјалистичката партија на Србија (СПС) на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, в недела ги чека неизвесен исход на изборите за органите на локалнта власт на Белград.

И самиот Вучиќ, кој е и претседател на Србија и лидер на СНС, изјави дека очекува неизвесен натпревар меѓу изборната листа на наговата партија, која настапува под името „Александар Вучиќ – Затоа што го сакаме Белград“, и сите останати.

– Мислам дека ќе имаме приближно еднаков број гласови со вкупниот збир на сите останати, изјави Вучиќ, додавајќи дека доколку опозицијата се обедини може да им „одземе само 30 мандати“.

Опозицијата има голема надеж дека во Белград в недела ќе успее првпат да јаи победи СНС на Вучиќ. Нивната надеж се темели, како што пишува „Данас“ на што поголема излезеност или доколку излезат 60 отсто од запишаните гласачи, како што смета Драган Ѓилас, кандидатот за градоначалник на Белград на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Народодната партија (НС) и Левицата на Србија (ЛС).

Кандидатот за градоначалник на Белград на листата „Да го ослободиме Белград“, составена од Демократската партија (ДС), Социјалдемократската партија (СДС) и Новата ѕартија (НОВА), Драган Шутановац изјави дека анкетите укажуваат оти 60 отсто граѓани се против актуелната власт, а единствената дилема е дали ќе бидат мотивирани да излезат на гласање.

Според проекциите од анкетите на „Фактор Плус“ излезеноста в недела би се движела меѓу 53 отсто, додека според ЦЕСИД таа би изнесувала 55 проценти, со задршка дека последните денови засилената кампањата може да има влијае на поголем одѕив.

– СНС има најдисциплинирани и најлојални гласачи и доколку излезеноста е поголема од 2014 година кога изнесуваше 50,66 отсто, неможе да се предвиди каде ќе отидат гласовите – дали за опозицијата, за аутсајдерите или на белите ливчиња, изјави Бојан Клачар од ЦЕСИД.

Последните валидни анкети за можниот победник на белградските избори се направени пред околу еден месец и сите предвидуваат победа на СНС со 37 до 40 отсто гласови или двојно повеќе од демократската опозиција. Но, куриозитет е дека никој не се повикаува на нив.

Самата изборна кампања, која е окарактеризирана како валкана, со доста обвинувања и медиумски блокади кон опозицијата, има акцент на политичка борба меѓу власта на Вучиќ и опозицијата, додека вистинските комунални проблеми се во втор план – како предлогот за изградба на метро, нови мостови, проектот „Белград на вода“, бесплатен интернет и други комунални идеи.

На изборите в недела Градската изборна комисија (ГИК) соопшти дека право на глас имаат 1.606.693 белграѓани, кои ќе гласаата за 24 изборни листи.