Почина славниот моден дизајнер Живанши
Франција– Основачот на модната империја „Живанши“, легендата на францускиот и светски дизајн Ибер де Живанши почина на 91 години, потврдено е од модната компанија и неговото семејство.
Легендарниот француски дизајнер кој ги осмисли модните стилови на Џеки Кенеди и Одри Хепберн почина на 91 години.
-Со голема тага известуваме дека нѐ напушти Ибер де Живанши, наведува во соопштението партнерот на модниот дизајнер Филип Вејн.
Живанши е роден на 21 февруари 1927 година во семејство на многу уметници. Меѓу останатото, прадедото на Ибер изработувал костими за театар, а некои од неговите модели се во Елисејската палата.
Хубер де Живанши ја созде својата модна куќа на 25-годишна возраст и беше еден од најмладите модни дизајнери. Светски познат станат по средбата со Одри Хепберн, што подоцна се претвори во долгогодишно пријателство. Двајцата работат за првпат заедно во филмот „Сабрина“ во 1954 г, а фустанот на Хепберн, создаден од Живанши, од почетните кадри на „Појадок кај Тифани“ (1961) е вистинска легенда.
Во 1988 година, Живанши ја продаде модната куќа „Живанши“ а во 1995 година се повлече од светот на модата.
Одри Хепберн –до смртта инспирација
Франција-Пријателството на прочуената глумица Одри Хепберн и славниот дизајнер Живанши траееше со децении.
Култиниот дизајнер, кој ја основа својата модна куќа во 1952 година, беше познат по елегантните, софистицирани креации и силното влијание врз модната индустрија. И познато е – Одри Хепберн беше негова муза, жена-модел за инспирација, од самиот почеток на модниот бизнис, па се до нејзината смрт во 1993 година.
Токму Живанши беше задолжен за изгледот на Хепберн во повеќе славни филмови, а во нејзиниот приватен живот тој внесе толку многу стил што ја претвори во модна икона.