Почина Драгутин Шурбек, легендарниот југословенски пингпонгар


Легендата на југословенскиот и хрватски спорт, пингпонгарот  Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст. Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина.

Имаше титули светски и европски шампион во поединечна и игра во двојки. Беше носител на 36 медали од светски и европски првенства, имаше 518 настапи за репрезентацијата, од кои 503 за Југославија и 15 за Хрватска.