Потенцијалните инвеститори на увид за состојбата на „Фени“

Заинтересираните потенцијални инвеститори за „Фени Индустри“, придружувани од претставници од трите банки најголеми доверители, од денеска ќе вршат почетен увид во состојбата на комбинатот со цел да предложат план за реорганизација во соодветно време.

За ова привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик „Кунико“, а начелна согласност дале и претставниците на синдикатот на „Фени.

За комбинатот има три сериозни заинтересирани инвеститори, а се јавуваат и нови. Банкарите не ја исклучуваат можноста и бугарски „Енекод“ да даде понуда доколку ги исполни бараните услови.