Попладнево едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнето на регионалниот Битола-Прилеп-Скопје на влезот на Прилеп кај Паркот на Револуцијата.
Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло околу 16 часот кога автомобил марка „Опел вектра“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, автомобилот кој се движел од Битола кон Прилеп, преку банкината, слетал од надвозникот долу. На местото на несреќата загинал 38 годишниот прилепчанец со иницијали З.Р. Во возилото немало други сопатници.
Увид на местото на несреќата во моментов се уште прават полицијата и основен јавен обвинител, а неофицијално, загинатиот денеска наполнил 38 години.