Познатиот знак од хотелските соби заминува во историјата

Доколку една од омилените работи при престојувањето во хотел ви е токму знакот кој се става на вратата за да не ве вознемируваат,  тогаш одлуката на три познати синџири хотели од Америка нема да ви се допадне.

Челните лица на хотелот одлучиле да ја направат оваа промена, откако дошле до заклучок дека најголем дел од гостите не знаеле дека предупредувањето не важи во случај на безбедност или некоја друга важна причина.

Хотелите кои се одлучија за ваков чекор се „Boyd Gaming”, „Wynn Resorts” и “Hilton”  во Лас Вегас.

Според правилата на хотелите, персоналот има право еднаш во рок од 24 часа да влезе во собата, без разлика дали стои знакот на влезната врата, со цел да се провери каква е состојбата во собата, како и дали е се во ред со гостите.

Гостите оваа новина не ја примија со големо воодушевување, но сепак челните лица на хотелот истакнуваат дека безбедноста е на прво место.