Подметната бомба пред локал на шефот на Интерпол во Подгорица


Експлозивна направа утрово е активирана пред угостителски објект во Подгорица, при што е предизвикана само материјална штета, но нема повредени луѓе.

Според црногорските медиуми локалот пред кој е активирана бомбата е сопственост на шефот на Канцеларијата на Интерпол во Црна Гора, Дејан Дуровиќ.

Црногорската полиција наведе дека експлозијата најверојатно е предупредување за сопственикот на објектот. Се претпоставува дека експлодирало посилно пиротехничко средство.