Подарок

Лејла Сабит

Сите се надеваат или очекуваат, а сите глумат пред Нова година.

За вниманието во вид на подарок, кој ви ја полни душата, ви ги краси работното биро, домот или елката.

Може да ве изненади, да ве израдува, да ве восхити, да ве разочара, или да ве расплаче.

Мал, голем, евтин, скап или симболичен, од срце или од култура, раскошно завиткан или едноставен, ги крие нашите најубави желби како израз на најтоплите чувства, начин дел од себе да споделиме со оние кои ги сакаме и со кои соработуваме.

Подарокот што го давате, тоа сте вие, тоа сме и ние што го примаме, цел еден живот, со различен карактер, естетика, знаење, расудувања што е важно, а што не , што е убаво, а што не , што е вредно, а што не.

На подарокот не му се гледа во очи, ама самиот подарок гледа во очи.

Амбалажата може да ве восхити, ама содржината може да ве разочара.

Ништо не е како што изгледа ниту во животот.

Некој ќе биде задоволен со малку, а некој ќе биде незадоволен со сѐ.

Некој ќе биде задоволен и без подарок, а некој ќе биде незадоволен ако му подарите сѐ.

За некој подарокот е предмет, а за некој животот е подарок.

А за некој е подарок, само ако ве види.

Секоја нова година сме и помудри.

Сфаќаме дека некогаш и времето може да биде најголемиот подарок, особено посветен на семејството и на здравјето.

Не се двоумите, подарите си време во дружење со најмилите.

Или 2019, почнете ја со ветувањето дека повеќе време ќе му посветите на здравјето.

Ви посакувам среќна и бериќетна Нова година!