Повредени фанови на „Бекстрит бојс“ во САД: Се урна настрешница поради невреме
САД-Пред почетокот на концертот на американската група „Бекстрит Бојс“ во градот Оклахома, најмалку 14 луѓе се повредени.
Силен ветер ја срушил настрешницата на влезот во казиното каде што групата требаше сношти да настапи. Околу 130 луѓе се нашле на местото на несреќата, пред казиното „WinStar World“, кога ветер со јачина од околу 130 километри на час ја урнал настрешницата под која луѓето чекале.
Најмалку четиринаесет лица се повредени и веднаш се пренесени во најблиската болница.
На профилот на хотелот „WinStar World“ на твитер, наведено е дека евакуацијата во хотелскиот комплекс почнала околу 17 часот по локално време, затоа што невремето започнало на неколку километри од хотелот.
Пејачот на групата „Бекстрит бојс“, на твитер објави дека жали за несреќата и за концертот кој е одложен. Тој додаде дека за настанот, тој и неговите колеги од бендот продале 12.000 билети.