Песни од Том Јорк, Бјорк, Ник Кејв во Македонска филхармонија за Денот на вљубените
Следејќи ја традицијата Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените, на 14 февруари, подготвува несекојдневен музички настан.
Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш.
Песните се во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин.
За сите концерти од новата сезона на Македонска филхармонија прочитајте тука.