Педесетгодишен кавадарчанец повреден во сообраќајка


Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци.

Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,  во несреќата се судриле две патнички возила, „мерцедес“ управуван од 36-годишниот Ј.Ј и „пежо 405“ управувано од педесетгодишниот Д.К.

Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци.