Пак поништен јавниот повик за субвенции на авиокомпании

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава.

На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериуимите во тендерот.