Охриѓанец објавувал компромитирачки фотографии од девојка на „Инстаграм“
Дваесет и девегодишен охриѓанец со иницијали К.В. објавувал на социјалната мрежа „Инстаграм“ компромитирачки материјали од негова сограѓанка.
Како што информира СВР Охрид, К.В.(29) заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во периодот од март до октомври 2017 година К.В. направил фотографии и видеа со компромитирачка содржина од А.М.М. (18) од Охрид, ги обработил и на 05.12.2017 година ги поставил на социјалната мрежа „Инстаграм”.