Одложена претставата „Чолак“ во Драмски театар поради технички причини
Се одложува утрешната изведба на претставата „Чолак“ во режија на Синиша Евтимов која е на редовниот репертоар на Драмскиот театар.
Како што соопштија од Драмски, претставата е одложена поради технички причини.
В.д. директорот Сашо Тасевски за Независен весник појасни дека претставата се одложува бидејќи сцената им е потребна за подготовката на друга претстава.
– Претставата ја одложуваме бидјеќи ни е потребна сцената. Ја подготвуваме „Лет на кукавичјото гнездо“ чија премиера е на 22 декември – рече Тасевски.
„Лет на кукавичјото гнездо“ е во режија на Ристo Алексовски, а според информациите достапни на официјалната интернет страница на театарот улогите ќе ги толкуваат Сашо Тасевски, Соња Стамболџиоска, Благој Чоревски, Диме Илиев, Златко Митрески, Ѓорѓи Тодоровски, Игор Ангелов, Игор Георгиев, Александра Павлова.