Осум лица повредени во сообраќајка, неприлагодената брзина причина за судирот


Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18:10 часот во близна на „тумчевишка клучка“ повредени се осум лица, потврдија од СВР Тетово за „Независен весник“.

Во несреќата учествувале две возила, комбе со италијански регистерски таблички управувано од Р.А. (44) од Центар Жупа во кое се наоѓале уште шест лица од Дебар и патничко моторно воизло марка „Мерцедес“ со албански регистерски таблички управувано од Ф.Ш. (36), во кое биле уште пет лица албански државјани.

– Во судирот осум лица од двете возила се здобиле до лесни телесни повреди меѓу кои и возачот на комбето. Повредените со медицински возила биле пренесени во гостиварската болница и по третманот се пуштени на домашно лекување – вели портпаролот на СВР Тетото, Марјан Јосифоски.

Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е неприлагодена брзина за условите на патот, а првичната проценка на материјална штета е 200 илјади денари.

Двете возила се движеле во правец од Гостивар накај Тетово и по ударот завршиле во металната заштита покрај патот.

Од СВР Тетово велат дека неприлагодената брзина на автопатот Гостивар – Тетово годинава се регистрирани 14 излетувања од коловозот, а лани вкупно 132.