Орбан против „Соединети европски држави“


Формирање на „Соединети европски држави“ еднакво е на претворање на регионот во „континент за имигранти, вклучувајќи ја и Унгарија како нивна дестинација“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој, во својот говор пред Унгарската академија на науките во Будимпешта, предупреди дека има обиди за намалување на надлежностите на земјите-членки на Европска унија со цел да се изгради „Соединети европски држави“.

Орбан тврди дека Европска комисија „отворено се прогласила за политичко тело“.

– Откажувањето на ЕК од непристрасноста ќе ја наруши соработката во ЕУ и со тоа би се институционализирале двојните стандарди, што би одело во прилог на поголемите земји, а на штета на помалите членки. Откажувањето од принципот дека ЕК е чувар на договорот ќе ги поткопа темелите на европските институции, наведе Орбан.