Општина Гази Баба го презема работењето на добиточниот пазар

Општина Гази Баба соопшти дека го презема реаботењето на добиточниот пазар во оваа општина, со што им излегува во пресрет на сточарите кои беа оставени на улица да го продаваат својот добиток.

– Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ од денеска започнува со вршење на основната дејност за бесплатно влегување и наплата,  а останатите работи и понатаму ќе ги вршат соодветни органи, наведува во соопштение општина Гази Баба.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски,  како што стои во соопштението, за овој чекор го известил општинскиот совет кој треба да даде зелено светло за целосно комплетирање на документацијата која треба да ја поседува ЈКП „Гази Баба 2007“.

Како што рекол Георгиевски, добиточниот пазар ќе остане на истата локација, а општина Гази Баба, преку ЈКП „Гази Баба 2007“, ќе се залага да ги подобри условите и третманот за стопанисување, да обезбеди основи како во лето така и во зима, а особено обезбедување хигиена и третман на животните.