Општина Василево се подготвува за манифестацијата „Ден на празот“

На 4 ноември во организација на општина Василево, во населеното место Градошорци, ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“.

Присутните ќе можат да вкусат од многуте специјалитети од праз, подготвени од локалните домаќинки специјално за манифестацијата.

-Новина на годинашната 10-та по ред манифестација, која го промовира празот како здрава храна и Градошорци како подрачје во кое се произведува најдобриот праз во земјава и пошироко, е тоа што добива една хумана димензија.  Посетителите ќе можат да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе ги дегустираат. Собраните парични средства Општината ќе ги донира на  оние на кои им се најнеопходни, информираат од општина Василево.

На манифестацијата ќе настапат ученици од општинските училишта, културно – уметнички друштва, како и музичка група која ќе се погрижи за забавниот дел од манифестацијата.